Предлогот на Зоран заев, во април и мај сите функционери но и сета јавна администрација да земаат само 14.500 денари односно минималец, нема правна основа, смета професорот на Правниот факултет, Борче Давоитковски.
„Државата може да им ја намали платата на сите функционери, министрите, на пратениците, но не и на сите вработени во јавниот сектор без некој правен основ, вели Давитковски за Фактор.
„Не може „ан блок“ да се намали плата на сите. Може Владата ако сака да испрати до некаде политичка порака да намалува така плата на функционери, но без правна основа не може на сите линеарно. Значи тие што се носители на функции да, но за другите не, затоа што секој ја врши својата работа. Може да се намалуваат плати со казни и дисциплински, но не вака незаконски, без направен ребаланс, без буџети и без одлуки“, вели професорот.






