Џонсон се премисли: Британија од синоќа во карантин

Откако заболеа над 6.000 луѓе, а 335 починаа, британскиот премиер Борис Џонсон донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните – од синоќа, тие може отидат само до продавница, да имаат само една физичка активност во денот, како што е трчањето, да одат до аптека, до работа и назад до дома.



Премиерот во обраќање до јавноста нагласи дека секакво собирање и излегување од дома, па дури и тоа што е наменето за купување небитна храна, ќе биде казнето.  

Пред 15-тина дена Борис Џонсон имаше спротивен став и ја извести јавноста дека решиле „ништо да не се затвора и животот да тече како нормално“.

Планот бил, да се заразат доволен број на луѓе во В.Британија, да се стекне имунитет и така ќе се справело со епидемијата. Да бидеме подготвени дека многу луѓе ќе починат, велеше Џонсон.

Француски „Либерасион“, пишува дека наводно Емануел Макрон, му се заканил на Џонсон дека ќе забрани влез на британски државјани во Франција, доколку не преземе нешто.