„Да си ги продадат мерцедесите и да им дадат плати на работниците.“ Тоа е изјавата на бугарскиот премиер, Бојко Борисов. Тој истакнал дека наместо тоа, тие само бараат пари од државата и се жалат дека немало мерки.



„Но што прават олигарските во меѓувреме? Сите отидоа на скијање во Франција, во Куршавел, а сега се вратија и бараат пари. Тоа нема да биде“, рекол Борисов.

Тој рече дека неспорноп е дека ќе се помогне на економијата и дека не спие поради тоа. „Мислам како да не влеземе во рецесија“, истакнал Борисов, пренесува бугарски Стандард.

„Имаме вишок од седум милијарди, што можеме да ги потрошиме. Имаме можност да земеме пет милијарди заем, но што сакате – да ги потрошиме и после што?“, рекол Борисов кој вели дека интервенцијата вцо економијата ќе зависи од должината на сегашната криза.