Алијанса за албанците е против предлогот за намалување на платите на ниво на минимална на административците и особено во образованието.
Од партијата на Села бараат изворите за финансирање да Заев да ги бара на друга адреса вклучувајќи тука и странски заеми и редуцирајќи ги јавните трошоци кои се непродуктивни.
„Во функција на конкретизирање на мерките, ние предлагаме приходите до 30 илјади денари да останат исти, а тие над 30 илјади денари да се намалат на ниво на минималната плата за април и мај. Тие кои имале посолидна плата, имаат и можност да ги надминат следните 60 дена“, велат од Алијанса за Албанците.





