ЕУ ќе даде старт на преговорите со Македонија и Албанија

Амбасадорите на земјте членки на ЕУ ги усогласија и последните детали и според нацрт-одлуката на 27-те земји-членки на Европската унија, ЕУ може да започне разговори за членство со Албанија и Северна Македонија, објави Ројтерс.



Документот, според „Ројтерс“, би требало да биде подготвен до крајот на оваа недела.

„Надежите за членство на Македонија и Албанија често се уриваа изминатите години, поради скептицизмот кој, во поглед на борбата против корупцијата и демократските текови во овие две земји од Западен Балкан, го гледаа пред сè Холандија и Франција“ пишува „Ројтерс“.

Во продолжение се додава дека во последно време Париз и Хаг го намалиле притисокот и покрај кризата со коронавирусот.

Доколку биде одобрена одлуката, пишува Ројтерс, тоа ќе стави крај на двегодишните одложувања и ќе испрати сигнал за сите шест земји од Западен Балкан – Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Босна и Северна Македонија – кои сакаат да влезат во ЕУ.

МИА го објави нацрт-заклучокот на Советот на ЕУ кој треба да биде објавен утре.