Самостојниот синдикат за образование, наука и култура не се согласува со предлогот на Зоран Заев административците два месеца да земаат минимална плата и ја повика Владата да го отфрли.
„Сметаме дека предложените мерки директно ќе удрат врз работниците кои реално се и најмалку платени во државата. Особено реакциите се жестоки од страна на просветните работници, кои, во интерес на учениците, индиректно и на државата, вложуваат натчовечки напори преку алтернативни форми и методи, во домашни услови, да ја реализираат планираната програма“, се наведува во соопштението од СОНК.
Ваква мерка, посочуваат од СОНК, нема во ниту една од соседните држави, пренесе „360 степени“.





