И Куба испраќа помош за Италија

По барање на тешко погодената италијанска област Ломбардија, кубанските вкласти соопштија дека испраќаат тим од лекари и медицински сестри во Италија за борба против новиот коронавирус. .



Кубанските лекари се бореа со колера на Хаити и ебола во Западна Африка.

Но, медицинскиот тим од 52 лица, е првиот случај во кој Куба испраќа итна помош во Италија, една од најбогатите земји во светот, наведуваат западни медиуми.

Тоа е шестиот таков тим испратен од властите на Хавана во изминатите денови за борба против новата болест. Екипи порано беа испратени во Венецуела, Никарагва, Јамајка, Суринам и Гренада.