Новинарката на „Балканската истражувачка мрежа“ (БИРН) Мери Јордановска денеска со критика до владините институции кои што според неа ги злоупотребуваат активностите на медиумот во кој што работи за да направат промоција во своја корист.
Јордановска тврди дека сите барања на БИРН упатени до владата според законот за слободен пристап до информации од јавен карактер биле прво проследувани до медиуми блиски со власта а дури потоа кај оригиналниот барател.
„Додека се одвива дебатава за транспарентноста и медиумите, ќе кажам нешто што ми стои во грло цел месец. Ова се сите документи што досега ги собравме преку закон за слободен пристап до информации, од 5 мај па наваму, за тоа како се трошеле парите за репрезентација. Беа поднесувани барања, жалби до комисијата, една, втора, трета. Институциите почнаа да одговараат. НО, како по правило, документите прво беа давани на блиските медиуми, а после неколку дена нам, како на баратели. Без да поднесат барање, фотокопиите прво завршуваа кај “своите”. Секоја чест на исклучоците како Министерството за информатичко општество, труд и социјала и одбрана. Е така не се работи“, пишува Јордановска прикажувајќи слика од папка со документи кои што БИРН ги испратил до владините институции.
„Доволно се изнагледавме непрофесионализам, како и поделби на “ваши” и “наши” новинари во последниве 10 години. Си пукате во здрава нога. Наместо нов почеток, јас сега гледам само продолжување на една стара, убиствена практика. Џабе и 100 министерства ако не се смени свеста дека треба да се работи сериозно и професионално“. пишува Јордановска која што беше жесток критичар на предходната влада на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ меѓу другото и поради практиката екс владата да брифира само „свои“ медиуми за актуелните прашања.





