Примерот на полицајците од две патроли во Шпанија покажува дека припадниците на Министерството за внатрешни работи немаат задача само да го одржуваат јавниот ред и мир, туку и да ги бодрат граѓаните среде пандемијата од коронавирус, која тешко ја погоди оваа земја.
Шпанија е на четвртото место во светот според бројот на заразени од коронавирус – вкупно 28.603, што е за 3.107 повеќе во однос на вчера. Прва е Кина со 81.054, втора Италија со 59.138, а трети се САД со 32.356.
Во однос на бројот на починати, пак, Шпанија е трета со 1.756 смртни случаи од Ковид-19. Пред неа се Италија со 5.476 и Кина со 3.261.





