Професорката Тања Каракамишева вели дека е сериозно загрижена со предлог мерките на Заев кои најверојатно ќе бидат прифатени од владата кои предвидуваат со „Сталинистичка урамниловка“ како што вели, во следните два месеца Заев предлага сите да примаат минимална плата од 14.500 денари.
„Во меѓувреме, кога го соопштува ова, никаде го нема него или некој од владата да ѝ објасни на јавноста каде отидоа 3.6 милијарди од буџетот на државата, и второ, каде и како ќе ги трошат дополнителните 600 милиони евра што се спремаат да ги земат во форма на заем.
Се работи за вкупно 4 МИЛИЈАРДИ И 200 МИЛИОНИ ЕВРА пари за кои никој не кажува со КОНКРЕТЕН ПЛАН И КОНКРЕТНИ НАМЕНИ каде и како ќе се трошат или како се потрошиле парите.
Одговор на овие прашања треба да бараме СИТЕ, не само јас.
ФРАПАНТНА Е СУМАТА, КАДЕ СЕ 4 МИЛИЈАРДИ И 200 МИЛИОНИ ЕВРА?
ИМА ЛИ НЕКОЈ НОРМАЛЕН ДА ОБЈАСНИ???-прашува Каракамишева на Фејсбук.






