За април и за мај државата ќе обезбеди минимални плати за вработените во сите фирми кои ќе бидат погодени од кризата. Фирмите само ќе си ги платат придонесите, а според Заев станува збор за  99 шифри на дејност, односно  безмалку половина од нив се погодени од кризата, изјави на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев, клако што пренесе „Независен“.



Фирмите кои ќе аплицираат за помош ќе мораат во моментот на аплицирањето да имаат ист број на вработени како пред кризата со короната, за да не се отпуштаат работници.

„Правиме се секој работник да го задржи работното место, затоа за оваа мерка ќе се одвојат  120 милиони евра“, рече Заев.

Сите што останале без работа, исто така, ќе добијат месечна плата и надомест  во висина од просечната плата , додека сите  функционери и раководители два месеци ќе се најдат под рестрикција и ќе добиваат минимална место актуелната плата. Истата мерка ќе важи и за судиите и обвинителите, а мерката и за нив се однесува за два месеци.

Сите вработени во јавниот сектор на државно и на локално ниво ќе добиваат исто така минимална плата за април и мај. Ова не се однесува на медицинскиот персонал, полицајците и сите што се справуваат со корона вирусот.

https://www.facebook.com/dw.macedonian/videos/652844395478936/