„Секако дека се можни отпуштања, тоа е најопасната варијанта од овие случувања, од оваа состојба. За жал, и во мерките на Владата никаде не беше споменато дека товарот од отпуштањето на работниците ќе треба да биде споделен“, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија во неделното интервју за Радио Слободна Европа.



„…сметаме дека Владата мора да биде поодлучна и похрабра, значи ќе мора да одлучи да направи ребаланс на буџетот и да се скратат непотребни трошоци за да може на некој начин да ги префрли средствата или буџетите таму каде што е најпотребно, а тоа е конкретна ликвидност на компаниите.

Сметаме дека е недоволно она што се понуди за време на прес-конференцијата од Владата и дека очекуваме сет на мерки кои конкретно ќе значат влијание и однос пред се во компаниите меѓу работниците и менаџерите, сопствениците, меѓу начинот на кој ќе се пресметува работното време и ќе се пресметуваат социјалните придонеси и нормално конкретни активности и конкретни ослободувања во даночната политика3; вели Бошков за РСЕ.