Во двата последователни земјотреси што утрово го погодија Загреб, оштетена е и познатата катедрала во градот, односно целосно е уништен врвот на една од нејзините кули.



„Надбискупскиот двор е тешко оштетен, а за катедралата штетите допрва ќе се проценуваат. Чекаме да дојдат инженери. Сè е расфрлано на сите страни, а ние сме во голем шок“, изјавил за медиумите ректорот на загрепската катедрала, Јосип Кухтиќ.

Загрепската катедрала, чие целосно име е Успение на блажена Дева Марија и Свети Стјепан и Ладислав, е неоготска базилика во Загреб.