Белгија нема доволно количество заштитни маски за медицинскиот персонал, Владата нарачала пет милиони од Кина, но набавката се покажала погрешна, јави дописничката на МИА од Брисел.
5-те милиони маски кои пристигнале од Шангај биле хируршки маски, а не ФФП2 и ФФП3 кои се единствени што ефикасно штитат.
Болниците ширум Белгија ги користат последните резерви маски ФФП2 и 2 и итно им се потребни нови набавки додека Белгија очекува значајно покачување на бројот на заразени во наредните недели.
Минатиот викенд, Министерството за здравство на Белгија нарача пет милиони маски од Турција, но тие никогаш не пристигнаа. Обвинителството отвори истрага.




