Русија ќе ѝ испрати на Италија заштитна опрема, мобилни системи за дезинфекција на превозни средства со аеросоли, медицинска опрема и експерти кои ќе обезбедат практична помош во најтешко погодените области со пандемијата.
Владимир Путин вчера „ја потврди подготвеноста на Русија да обезбеди потребна оперативна помош во телефонскиот разговор со италијанскиот премиер Џузепе Конте“, се вели во соопштението на Кремљ.
Двајцата лидери се согласија за „цврста соработка во борбата против коронавирусот“, додаваат од Кремљ.
Италија не доби помош од ЕУ, по епоидемијата која само вчера воп еден ден уби близу 800 луѓе, а досега помош пристигна само од Кина.






