Актерот Сашо Тасевски со поинакво размислување за делотворноста на најавеното воведување полициски час во Македонија од утре заради спречување на ширењето на коронавирусот.



„Сега на улица може и ќотек да изедете, ако ги погледнеш попреку тие специјалците кога ќе те сопрат денски на улица, па каде одиш, па зошто, па што си облекол бели гаќи наместо розева танга. Па ќе те одвлечка тепан во карантин. Па ќе си го платиш и карантинот, ако добиеш плата од таму каде работиш и ако излезеш жив. Оти пола од тие специјалците пола се без мозок, прво тепа после ти мери температура, а сега добија полна моќ да практикуваат сила.
Допрва непријатни сцени ќе гледаме. А вирусот нема да го ставите под контрола со полициски час.
Оти тој нема слушнато за полициски час. Тој е вирус, Чак Норис за секој полициски час.
Само ќе ги разбеснете луѓето со тек на време. Ама ако. Кога слушате хистерична средна класа, ко што ја нарече некој. Сам ако не си дадеш автогол не е интересно“, резонира Тасевски на Фејсбук.