Драматично обраќање на Македонец, пациент во ЕУ, кој не може да се врати дома (ВИДЕО)

Македонски државјанин кој се лечи во земја на Европската унија со драматично но и иронично обраќање до сите министри и чинители на македнскиот политички систем.



Ѓоле Наумовски е човек кој што поради здравствени причини се наоѓа во Копенхаген на лечење каде со македонска плата може да издржи максимални 4 дена.

Тој бара министрите да му објаснат која е разликата да се настрада од Ковид19 или да се умре за храна во Европа.

„Немате ни 5 соби за карантин а чекате 2500 илајди македонски граѓани кои се враќаат од Европа“, вели Наумовски кој на македонските политичари им порачува дека нема толку солзи за да ги исплаче.