Скакулци го нападнаа Блискиот исток и Африка


Милиони луѓе во Африка и Блискиот исток се соочуваат со невидена наезда на пустинските скакулци кои уништуваат сè на нивниот пат.



Според експертите, кризата со скакулците само што започнува, бидејќи овој инсект има можност да се размножува со невидена стапка.

Пустинскиот скакулец, наречен „најдеструктивен штетник во светот“ од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), е во состојба да ја уништи храната на милиони луѓе низ целиот свет.

Кит Кресман, висок експерт во ООН, за „Гардијан“ изјави дека под стандардни услови популацијата на пустински скакулци требало досега да се намали досега, но климатските промени придонесуваат за нејзино растење, што ги доведува во прашање главните извори на храна на над 25 милиони луѓе., пренесе БГНЕС.