Граѓани бараат евтина струја во време на епидемија

Петиција со која се бара воведување на евтина тарифа на струјата во текот на целото деноноќие, додека трае вонредната состојба, се споделува на социјалните мрежи.



„…задолжителноста на самоизолацијата, подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Тоа значи повисоки режиски трошоци, односно повисоки сметки за струја, вода, греење и слично.

Сето ова во ситуација кога граѓаните остануваат без работа поради затворањето на голем дел субјектите од производствените дејности и сите услужни дејности. Сето ова во ситуација кога сосема е за очекување да има семејства без ниту еден вработен во периодот кој престои…“ се вели во петицијата.

Стручњаците, пак, објаснуваат дека таква одлука може да донесе само Регулаторната комисија за енергетика, а би биле потребни околу 3 месеци да се ресетираат сите броила на 800.000 корисници, пишува Фактор.