Засега нема да има одложено плаќање на кредити поради епидемијата на коранавирусот, една од мерките која веќе ја применуваат неколку земји.
За ова да биде возможно, според министреката за финансии, непходно е да се согласни деловните банки, НБРМ и Владата.
„Ова е нешто за кое што треба волја и од Народната банка, волја и од останатите комерцијални банки, затоа што комерцијалните банки ако ви дозволат реструктуирање, одлагање на кредитите, ако тука нема промена на одлуката на Народната банка тие кредити ќе го зголемат процентот на нефукционални кредити во портфолиото“, рече Нина Ангеловска.
Италија е прва земја која поради состојбата со коронавирусот ги ослободи граѓаните од плаќање на режимски трошоци, даноци и рати за кредит во наредните шест месеци. Рати за кредит нема да плаќаат ниту правните и физички лица во наредните три месеци во Албанија.
Во Велика Британија на сите клиенти што имаат финансиски потешкотии поради епидемијата ќе им се овозможи одложување на исплатата на кредитите и хипотеките за три месеци.
И Хрватското здружение на банки размислува за воведување на одложено плаќање на граѓаните.
Извор: Алсат М






