Прва жртва на коронавирусот во Србија

Српската премиерка Ана Брнабиќ го потврди првиот смртен случај од коронавирус во Србија.



Станува збор за 59-годишен маж од Кикинда, а во тешка состојба е и неговиот син. Уште осум лица заболени од коронавирус се борат за животот.

Кај северниот сосед се потврдени уште 17 случаи на заразени со ковид-19, со што вкупниот број порасна на 135.

Во Србија денеска е прогласена епидемија на коронавирус и од 8 часот утрово се затворени сите гранични премини за друмски, железнички и речен сообраќај.