Папата Франциско го замолил Бога да ја спречи епидемијата на коронавирус, а на луѓето им порача да го поминуваат времето во карантин за повторно да се поврзат со своите семејства.



Во изјава за „Ла Република“ во средата, тој рече дека го замолил Бог „со својата рака“ да ја запре епидемијата во Италија

83-годишниот понтиф препорача: „Мора да ја откриеме конкретната природа на малите работи, да правиме мали гестови кон оние околу нас – семејствотп, пријателите“.

„Тие се гестови на нежност, љубов, сочувство, кои се сепак пресудни и важни – на пример, топла чинија, прегратка, телефонски повик“, пренесува „Дејли мејл“.