Шпанскиот амбасадор во САД, Сантиаго Кабанас, синоќа во Стејт департментот се сретна со заменик државниот секретар Филип Рикер и го предаде оригиналниот документ на ратификација на Пристапниот протокол за членство на с. Македонија во НАТО откако документот неделава беше изгласан во Сенатот и потпишан од кралот на Шпанија Фелипе Шести.
“Добредојдовте во семејството на НАТО”, порача амбасадата до македонското МНР и до с. Македонија синоќа во соопштение на Твитер.
Стејт департментот сега треба да ги извести сојузниците дека сите земји членки на воената Алијанса ги депонирале ратификациите во Канцеларијата за меѓународни спогодби.
Откако ќе добие писмо од генералниот секретар Јенс Столтенберг, тоа треба да го стори и с. Македонија, по што нашата земја и официјални ќе стане 30. земја членка на НАТО, пренесе РСЕ.






