„Црн ден“ во Италија: За 24 часа, 427 починати

Вкупниот број на заразени од коронавирус во Италија достигна 41.035, јавуваат италијанските медиуми.

Пријавено е дека има дури 33.190 позитивни случаи или 4.480 повеќе случаи од вчера.



3.405 е бројот на починати, 427 повеќе од претходниот ден.

Со овој „биланс“, во Италија умреле повеќе луѓе од коронавирусот отколку во Кина (3.245) од каде се прошири вирусот.