Состанокот на шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ, што требаше да се одржи на крајот на следната недела и на кој требаше да биде формално одобрено отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија , e откажан на неодредено време поради епидемијата со коронавирусот, јави дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел.



Според деловникот, најмалку две третини од претставниците на Европскиот совет (т.е. премиери или претседатели од земји на ЕУ) мора да бидат присутни за да гласаат за одредено прашање на редовниот самит, јавува РСЕ.

Повеќе на следникот ЛИНК