Дурловски: Кога ќе го победиме Ковид-19, купувајте македонски производи

Оперскиот пејач и носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, со повик до граѓаните на Македонија за поддршка на македонската економија по победата над коронавирусот.



„Откога ќе го победиме #Ковид19,
купувај македонски производи,
поддржувај македонски компании,
посетувај ресторани и локали во Македонија.
Помогни си за да можеш да помогнеш на другите.
Во меѓувреме седи дома, чувај се!“, апелира еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.