Принцот Алберт од Монако бил позитивен на тест за коронавирусот, соопшти денес кралската палата.
Властите во малото кнежество соопштија дека 62-годишниот владетел бил тестиран на почетокот на оваа недела.
Со ова, тој е прв шеф на државата во светот кој е заразен со вирусот.
Од палатата изјавија дека здравјето на принцот Алберт „не е загрижувалка“, а тој продолжува да работи од неговата приватна резиденција, пишува „Дејли мејл“.





