Силјановска на говорот на омраза кон неа одговори со “Verbumvirus”

Професорката Гордана Силјановска Давкова денеска одговори на говорот на омраза упатен кон неа на социјалните мрежи откако вчера настапи на емисијата “Што не е јасно” на Алфа Телевизија.



Уште во текот на емисијата Силјановска беше критикувана за тоа што на емисијата носела заштитна маска.

Иако во емисијата беше објаснето дека причините за носење на маска се поврзани со фактот што таа и нејзиниот домаќин новинарот на Алфа ТВ Саше Димовски се од најранливите категории (возраст и болест) а во семејството има и трудница, нападите врз неа не запреа.

Во нападите предничат луѓе кои што важат за поддржувачи на СДСМ и се оштри критичари на политиките на ВМРО-ДПМНЕ на чија изборна листа број 1 Силјановска е носител.

Целата реакција на професорката Силјановска:

“VERBUMVIRUS”

За разлика од КОРОНАВИРУСОТ, ВЕРБУМВИРУСОТ, е неизлечив. Лошиот и навредлив збор ја убива логиката, а без неа нема разумен дијалог. За него нема вакцина, за жал, односно има, ама само сами може да ја откриеме, решени да се бориме со сопствените фрустации.
Трагично е да спорите со надворешен изглед, па дури и со маска и ракавици, наместо со ставови, особено кога се повикувате на Волтер! За маски, има смисла да се зборува само на фестивали, како на Венецискиот, на пример, ама и тој не се одржа заради пандемијата од коронавирусот.
Сте ја читале ли басната за „ Ловецот и мечката„, на која упатува Толстој? Дури и за мечката, во моментот на умирањето, посилна била болката од навредливиот (не)човечки збор дека „ смрди“, од куршумот, односно духовната од физичката болка.
Што се однесува пак, до мојата „ недоследност“ во носењето маска и ракавици кај претседателот и на „Алфа“, морам да ги информирам „ стилистите“ дека: на обете дестинации стигнав со двете. Кај претседателот, меѓутоа, во холот, не дочека медицинска екипа, која ни мереше температура. Мојата беше 36, 4 степени. Ни кажаа дека целиот простор е перфектно дезинфициран и сигурен, како што приличи на претседателски простор, а сите учесници проверени. Сепак, јас со маската и ракавиците влегов во салата, а со нив и излегов.
При зборувањето ја спуштив маската, зошто седевеме на големо растојание. Но, кога заврши расправата, пак си ја кренав и си заминав со неа, како и кога дојдов.
За маскираноста во АЛФА, веќе објаснивме со водителот и немам намера да им повторувам на мастерите и мастерките на лошиот збор, оти попусто е. Тој е нивен, не мој и не ваш, зборува за нив, не за мене и не за вас!
Им посакувам да посегнат по маска и ракавици за да не заболат од коронавирусот. Што се однесува до вербавирусот, најдобро е, за почеток да апстинираат од негово безмилосно ширење по социјалните мрежи, докажувајќи социјална одговорност!”, напиша Силјановска за нападите врз неа.

Невообичаено за досегашната новинарска практика дилема дали носењето маска во студио е соодветно и покрај препораките од владата постави и новинарот Боби Христов од Телма која е конкурентската телевизија на Алфа ТВ.

Христов предходно не реагираше јавно кога за време на посетата на министерката Шеќеринска на касарната во Криволак каде се сместени 7 ромски музичари во изолација, пред камерите носеше заштитна маска.

Денеска со маска во јавноста се појави и министерката за финансии Нина Ангеловска.

Целата емисија на Алфа ТВ

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=713529099472914&id=280284355399866&sfnsn=mo&d=n&vh=e