Димитров контра Османи: Работата се уште не е завршена

Откако вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи соопшти дека постигнат е конзензус меѓу членките на ЕУ за давање датум за отпочнување преговори со Македонија, шефот на македонската дипломатија препорача внимателност бидејќи работата уште не е завршена.



„ Вчера вечерта имав контакти со Париз. Разговарав со канцеларијата на Меркел во Берлин, со претседавачот на ГАК, Загреб ,со Холандија. За консензусот работата не е докрај завршена. Има позитивни сигнали, но работата не е до крај завршена“ – рече Никола Димитров како што пренесе Плусинфо.

Според негови зборови, во моментов се уште се води дебата како да се оддржи Советот, многу тешко е било кој од земјите физички да присутвува на 24, се преговара за видеоврска, се надевамд дека ќе се донесе правилна одлука.

„Ќе биде важно по многу работа да се најде начин да се одржи 24 март. За македонската јавност ќе повикам да бидеме внимателни и да чекаме да се заврши целосно работата. Изгледна е ситуацијата но не е до крај завршена работата“, изјави министерот Димитров.