Бројката на заразени стигна до 42!

Кај уште седум лица е констатирано дека се носители на коронавирус, меѓу нив четири лица од Скопје и три од Дебар кои беа тестирани вчера како дел од група од триесетина лица избрани за скриниг од тимовите епидемиолози.



Само во последните 24 часа се регистрирани 11 нови случаи, што е најмногу досега, а вкупната бројка сега е 42 лица кои се заразени со коронавирус.

„Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија“, информираше синоќа министерот за здравство Венко Филипче.