Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на изјавата на претседателот Стево Пендаровски при прогласувањето вонредна состојба во Македонија поради коронавирусот.



„Апелирам до сите граѓани на нашата заедничка и единствена татковина, да бидеме смирени, да бидеме одговорни и да бидеме солидарни еден кон друг“, рече Пендаровски.

„Нашата „заедничка и единствена татковина“ има име – #Македонија. Не плашете се да го изговорите!“, реплицира Цветанова на Твитер.