Откако ќе го добие владиниот предлог за прогласување на вонредна состојба, претседателот за Собранието Талат Џафери ќе го препрати на претседателот Стево Пендаровски за тој да ја прогласи вонредната состојба.



Собранието не може повторно да се состане зашто со одлуката за самораспуштање пратениците го вратиле мандатот кај граѓаните.

Тој објасни дека по самораспуштањето на Собранието , не може да се собере, зашто нема правен основ.

Освен тоа , не треба да се собираат повеќе луѓе во еден затворен простор, рече Џафери на денешната прес конференција.