Денеска Владата ја донесе најтешката одлука од своето постоење, а тоа е одлуката да побара прогласување на вонредна состојба. Прогласувањето на вонредна состојба е државичничка одлука за која нѝ е потребна сплотеност, соработка, трезвеност и разум, пишува на Фејсбукк министерката за правда, Рената Дескоска.
Ширењето на вирусот, а притоа имајќи ги предвид последиците по здравјето од вирусот Ковид-19, доведоа до одлука за барање за прогласување на вонредна состојба како единствен начин кој нѝ овозможува ефикасни инструмети за превземање мерки за заштита на јавното здравје и животот на граѓаните, пишува Дескоска.




