Јапонец (57) кој намерно ширел коронавирус откако се разболел, починал, објави новинската агенција Кјодо.
Тој беше дијагностициран со коронавирус на почетокот на март, а лекарите му препорачале самоизолација.
Наместо тоа, тој, наводно, отишол во барем два локали, а на роднините кои исто така биле заразени им рекол дека ќе оди и ќе го шири коронавирусот.
Во еден од локалите имал контакти со лица од кој најмалку едно лице се заразило.
Во Јапонија, повеќе од 1.500 луѓе се заразени, а 37 починаа од коронавирус.






