Ни МК, ни МКД – Шпанија за Македонија измисли код РНМ?!

Наспроти тврдењето на властите во Скопје дека со Преспански договор го забетонирале македонскиот идентитет и со зачувувањето на меѓународните кодови МК и МКД, Шпанија за Македонија измисли нов – РНМ?!



„Утрово шпанскиот сенат, со масовно електронско гласање (259 од 264 шпански сенатори), го одобри Протоколот за пристапување на РНМ во НАТО. Веднаш потоа, кралот Фелипе го потпиша законот. Во следните 72 часа Шпанија ќе го депонира својот инструмент од ратификацијата во Стејт департментот“, објави на Твитер Постојаната шпанска мисија во Северноатлантскиот сојуз.