Можно е бројот на пациенти да достигне до 2.000, а пикот да биде за еден месец од сега, изјави денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, но побара ова да се земе со резерва.
Министерот информираше дека до 12 часот денеска, регистрирани вкупно 26 заразени со коронавирус во земјава. Од нив 17 се во Скопје и 9 во Дебар.
„Капацитетот на Инфекивната клиника е целосно спремен. Првиот спрат сѐ уште не е исполнет. Целосно е спремен и вториот кат да ги прими пациентите.
Кинеската амабасада денеска укажа дека има сериозни шанси да стигне помошта, а повеќе за тоа ќе се знае до крајот на неделата.
Ќе се зголеми бројот на автобуси во јавниот превоз наутро и попладне, а во текот на денот ќе остане ист.
На располагање се 200 анестезиолози и 400 медицински сестри од целата земја.






