Национален совет на Македонците во Србија: Не тргнувајте ако немате српски пасош

Претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија, Борче Величковски упатува апел до македонските и други граѓани затечени во Македонија да не тргнуваат на пат преку или во Република Србија.



„Апелираме до сите кои не се државјани на Србија да не поаѓаат на пат, нема да бидат пропуштени на граница на Република Србија, од каде и да доаѓаат“, порачува Величковски.

Националниот совет на Македонците во Србија е српска државна институција со јавни овластувања.