Лидерите бна СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека сега приоритет е здравјето на луѓето и спречувањето на ширењето на коронавирусот…
Одложувањето треба да биде официјализирано на утрешената лидерска средба кај претседателот Пендровски, кое веќе е закажана.. За нов термин на изборите, засега не се разговара..
Согласност за одложување на изборите пристигна и од ДУИ. Оттаму велат дека изборите и кампањата се последни на листата на приоритети на таа партија во услови на пандемија
На лидерската утре кај шефот на државата Стево Пендаровски, освен претседателите на поголемите партии, ќе присуствуваат и премиерот Оливер Спасовски и собранискиот спикер Талат Џафери.





