Брнабиќ се закани: Ако не слушате ќе воведеме полициски час

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ вели дека луѓето не ги сфаќаат сериозно мерките на владата и ги повика луѓето да бидат сериозни и да се однесуваат во согласност со мерките.
„Од утрово, имаме пет нови случаи, вкупно 55. Од нив, 28 се на домашно лекување, додека два се во сериозна состојба и на респиратор“, рече Брнабиќ, како што пренесе Б92.
„Ми се чини дека луѓето не го сфатија сериозно тоа, не го слушаат ниту претседателот, ниту мене, ниту експертите. Голем број на постари граѓани на улиците. Сите над 65 години нè сфаќаат сериозно“ вели Брнабиќ



„Она што денес го гледам на улиците е катастрофално и ја принудува јвладата да воведе полициски час“, најави премиерката на Србија.