Македонија во приватното и во јавното здравство располага со околу 200 респираторни машини.
Се очекува неделава да пристигнат уште 100.
Дополнителни 200 респиратори кои се битни во справување со коронавирусот ќе донира Кина.
„Се на се Македонија ќе располага со 500 респираторни машини“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче во „Утрински брифинг“.






