Новинарката Жанета Скрелев, во директно јавување од Лондон во „Утрински брифинг“ раскажа како Британците се справуваат со коронавирусот.



„Британците решија да се справат на начин кој што изненади многуумина. На прес излезе (премиерот) борис Џонсон и изјави дека решиле ништо да не затвораат и животот да тече како нормално“, рече Скрелев.

Британскиот премиер сметал дека колку повеќе се зарази населението, толку полесно тие ќе стеткнат имунитет.

„Планот бил, да се заразат доволен број на луѓе во В.Британија, да се стекне имунитет и така ќе се справело со епидемијата.

Да бидеме подготвени дека многу луѓе ќе починат.

Да бидам искрена нозете ми се пресекоа. Ваков чекор, меѓу кои и огромен број на експерти не очекуваа“, изјави новинарката Скрелев како што пренесува „Слободен печат“.