Коронавирусот нема да замине со топлото време!

Експертот д-р Брус Ајлвард, кој го предводеше тимот на СЗО во Кина против коронавирусот вели дека забраните и ограничувањата на патувањата „генерално не се дел од мерките со кои се справувате со вакво нешто“.
„Она што ние го откривме, како генерален принцип, е дека ограничувањето на движењето не помага“, вели Ајлвард во интервју за Асосиејтед Прес.
„Она за што сте заинтересирани е да откриете: Каде е вирусот?“, вели Ајлвард откако САД забранија патувања од ЕУ а повеќе европски држави воведоа ограничувања или забрани на своите граници.



Тој оценува дека „луѓето се збунети“ за вирусот. Препорачува често миење раце и други хигиенски практики за да се избегне зараза, и брзо тестирање доколку постои сомнеж дека некој бил изложен на коронавирусот.
Тој ги отфрла и надежите дека потоплото време би можело да го уништи вирусот.
„Многу луѓе прашуваат: Ќе си замине ли ова со зимската сезона?“
„Не би се обложил на мајката природа во овој случај. Би се обложил на пронаоѓање на случаите. Изолација на пациентите. Пронаоѓање на контактите. Тестирање. Тестирање. Тестирање.“ 

(Дојче веле)