Кавадарци: Две момчиња загинаа во сообраќајка

Две момчиња загинаа во сообраќајна незгода што се случиа вчера на крстосница во Кавадарци.



Ззагинатите момчиња, на возраст од 26 и 29 години, биле на мотоцикл со кој се судриле со моторно возило на крстосницата од ул.„Северен булевар“ и ул.„Никола Минчев“.

Момчињата биле итно пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнале на повредите.