Силјановска со апел до граѓаните: Да им помогнеме на хероите

Професорката Гордана Силјановска вечерва со јавен апел до граѓаните за помош на тие кои најдиректно се борат со здравствената криза предизвикана од корона вирусот.



“Херои се нашите пријатели лекари, медицински персонал, полицијата, армијата и сите кои деноноќно работат за надминување на кризата. Да им помогнеме со добар збор но и со одговорно однесување. Време е да ги слушаме советите на стручните лица и препораките на надлежните институции”, пишува професорката во врска со огромниот број на граѓани кои и покрај препораките излегуваат без потреба и се ставаат во опасност себе си и своите најблиски.