Само неколку часа откако лидерите на партиите се договориле да ги запрат сите активности за изборите градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев се пофали со нов проект.
За да се пофали со проектот Богоев најмил и дрон кој ги снимал градежните работи на новиот парк.
Својата промоција Богоев ја направи на денот и речиси во истиот час кога министерот Филипче објави дека Македонија доби нови 6 случаи на заразени од корона вирусот.
Во својот твит Богоев го споменува и вирусот но само како препорака за тие што се движат покрај новиот парк.
🌳 Паркот долж бул. „Илинден“ ќе покаже дека не сме сите исти. Предвидуваме уредено зеленило на 60.000 м2.
🔴 Денеска, имаше зголемена фреквенција на овој потег. Движете се во мали групи, на соодветно растојание и почитувајте ги сите препораки за заштита од коронавирус. pic.twitter.com/jsDdek0uRD— Стефан Богоев (@stefanbogoev) March 14, 2020






