Министерот Венко Филипче ги соопшти дополнителните мерки за справување со корнавирусот донесени на седница на Владата.
-Во трговските центри се затворат за посетители сите продавниците освен маркетите и аптеките.
– Баровите, кафулињата, казината, клубови и спортските обложувалници се затвораат целосно.
-Владата формира главен координативен кризен штаб со кој ќе раководи претседателот на Владата
– Се затвораат сите копненни гранични премини во земјава, освен, „Табановце“, „Деве Баир“, „Богородица“, „Ќафасан“ и „Блаце“.
-Се затвори аеродромот во Охрид
-Се забранува влез во државата на странски државјани и од земјите од среден ризик, согласно листата на СЗО, освен за они лица за кои МВР ќе даде мислење, дека овие лица влегуваат под посебни услови и заштита согласно протоколот на министерството за здравство- рече Филипче.






