Американскиот претседател Доналд Трамп прифатил да се тестира за коронавирусот, а резултатите ќе бидат познати за еден ден или два.
Претходно, светски агенции лиферуваа вест дека тој минастиот викенд имал заеднича вечера со бразилскиот претседател Болсонаро за кој се тврдеше дека имал корона вирус.
Двете информации беа демантирани.
Инаку, Трамп се ракувал со голем број на луѓе во неделата на прес-конференција, спротивно на препораките.
Белата куќа соопшти дека ќе ја мери температурата на сите кои оствариле близок контакт со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс, а температура им била мерена и на новинарите во Белата куќа.
Вчера Трамп прогласи вонредна состојба за да и даде на федералната влада поголеми овластувања за борба против коронавирусот.





