Словенија со нови шефови на полицијата, војската и разузнавањето

Само неколку часови откако ја презема премиерската функција, Јанез Јанша ги смени првите луѓе на словенечката полиција, армија и разузнавачките служби.



Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, сменета е директорката на полицијата Татјана Бобнар, а на нејзино место е именуван Антон Травнер. Досегашниот началник на Генералниот штаб на армијата Аленко Ерменц си заминува од позицијата, а ќе го наследи Роберт Главаш.

Трет во првиот бран промени е и директорот на Безбедносно-разузнавачката служба Дејан Милиевич, а на таа позиција веднаш именуван Андреј Осолник.

Иако на последните избори победи десничсрот Јанша со месеци не можеше да формира влада по што власта ја презема левицата која владееше до минатат недела кога падна владата во Љубљана.