Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, е примен во болница откако покажал позитивни знаци на коронавирус, пренесува „Ројтерс“.
Весникот АБЦ, прв објавил дека Солана е хоспитализиран во Мадрид, а таа информација официјално не е потврдена.
Хавиер Солана од 1992 до 1995 година беше министер за надворешни работи на Шпанија, од 1995 до 1999 генерален секретар на НАТО, а од 1999 до 2009 година висок претставник на ЕУ за надворешна политика.





