Албанија ја затвори границата кон Косово

Косовскиот Национален центар за менаџирање на границатаобјави дека од утрово во шест часот е забранет влезот на граѓани и возила од Косово во Република Албанија, како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.



Oдлуката ја донела Владата на Албанија и истата ќе важи до 15 март во 24 часот.

Во Албанија досега се потврдени 23 случаи на заразени со смртоносниот коронавирус, од кои еден почина, додека во Косово засега официјално нема ниту еден носител на вирусот.